еМагазин
Image default
Македонија

Македонец и Словенец под истрага за трговија со дрога

Македонец и Словенец се под истрага за трговија со дрога во Тетово откако тетовското Основно јавно обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што стои во соопштението од Обвинителството, осомничените, на 5 август, во автомобил со тетовски регистарски ознаки пренесувале наркотична дрога 100,49 грама кокаин и 3,2 грама хашиш. Дрогата ја пронашле полициски службеници кои го запреле автомобилот на наплатната станица Желино.

Дополнуваат дека за двајцата осомничени надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор заради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупционерите бараат одговорност од ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски бидејќи со години си земал две плати

Редакција

Филипче поднесе кандидатура: Не само со Заев, имам добри релации и со други функционери и членството

Редакција

Новоизбраниот претседател на Советот на ЈО, Колевски: „Рекет“ фрла дамка врз целата јавнообвинителска функција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница