еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонец меѓу најдобрите лекари, избрани на интернет гласање во Бугарија

Македонецот Борче Николовски кој потекнува од Демир Капија и работи како кардиолог во Бугарија е избран меѓу најдобрите пет лекари при интернет гласање на бугарските пациенти. Во изборот за „достојни лекари”, овој 32 годишник се најде на третата позиција.

Како што пишуваат бугарските медиуми, проектот е со цел да се врати довербата во луѓето со бели   мантили. Во гласањето учествувале преку десет илјади граѓани, а номинирани биле околу 500 лекари од различни специјалности.

– Лекарот со македонски корени е дел од тимот на Оделот за кардиологиja и интервентна кардиологиja во многупрофилната болница за активно лекување – Бургасмед, појаснуваат бугарските медиуми за Николовски, при описот за лекарите.

Тој  е член на Европското друштво на кардиолозите и европската асоцијација за кардиоваскуларна дијагностика. Eден од основачите на модерното отделение за каридоваскуларни болести на МБАЛ „Бургасмед” од Бургас.

– Особено сум благодарен за укажаната доверба од страна на граѓаните и сите што застанаа зад мене и мојата номинација. Тоа е дополнителен мотив, да продолжам да ја работам работата најдобро што можам, рече Николовски за МИА.

Оваа вест со радост ја дочека неговото семејство во Демир Капија, во кое медицината и грижата за пациенти, се негува со генерации. Неговиот татко е дефектолог во Специјалниот завод, а сестрата Кристина која е пред дипломирање за доктор, сака да специјализира психијатрија. Мајка му е патронажна медицинска сестра, а прабаба му, бабица која ги пораѓала бебињата во демиркапиското село Клисура.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нина која продаваше крофни за да собере пари за лечење на татко ѝ, ја доби сликата од македонскиот дизајнер Кардула

Редакција

(Фото) Ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ обедини над 8.000 учесници кои возеа за здрави животни навики

Редакција

АСОМ исплати милион денари на дел од семејствата на настраданите кај Лaскарци, апел до останатите да ја контактираат асоцијацијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница