еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонец загина кај хрватскиот остров Вис, му се слошило додека нуркал

Македонски државјанин починал откако му се слошило додека нуркал во областа Бриони кај хрватски остров Вис во Јадранското Море, јави Индекс.хр.

Веднаш била испратена брза помош да интервенира, но нуркачот веќе починал.

Трагедијата се случила денеска околу 11 часот во близина на островчето Равник, на 500 метри од заливот Рукавац на Вис.

Областа Бриони кај Вис е меѓу најатрактивните области за нуркање во Јадранското Море, каде што доаѓаат многу нуркачки ентузијасти од странство, пишува порталот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народната банка поднесе кривична против поранешни одговорни лица во Еуростандард за предизвикување стечај на банката

Редакција

Нови 168 заразени со корона вирусот од 1.470 тестирања, најголем број во Скопје 83

Редакција

Куманово го надмина Дебар: На 100.000 жители регистрирани 183,6 заболени од коронавирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница