еМагазин
Image default
Македонија

„Македонија блокира“ од петок со блокади и на крстосниците во Скопје

Приврзаниците на „Македонија блокира“ кои се противат на уставните измени најавија дека покрај 24-часовното блокирање на просторот пред Собранието, од петок ги прошируваат активностите со блокади и на раскрсници во Скопје во попладневните часови.

Драган Угриновски на денешната прес-конференција информира дека се свесни оти поради тоа сообраќајот од петок ќе биде значително отежнат и затоа повикуваат на разбирање од страна на граѓаните.

– Ова не го правиме за личен интерес, партиски или за интерес на некое друго здружение, туку за одбрана на светото македонско име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ, рече Угриновски.

Во однос на најавените пет јавни дебати и дијалог за Нацрт-амандманите за измена на Уставот што ќе ги организира Владата, Угриновски рече дека тоа е уште една голема измама од власта доколку се погледне списокот на учесници на дебатите.

Од „Македонија блокира“ го повикуваат премиерот Заев да учествува и на јавна дебата за уставните промени организирана од нив. Повторија дека цел на нивните активности е распуштање на Собранието и распишување нови избори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа шест лица, најмладиот на 40 години, дополнително пријавени уште четворица

Редакција

Ќе има ли смена на министри на АА, поради несогласувањето на Таравари и Села?

Редакција

Ковачевски: Оставив на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат во кој формат ќе биде средбата в среда, очекувам отворен разговор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница