еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија е делумно слободна земја според најновиот извештај на „Фридм хаус“

Македонија е рангирана во групата на делумно слободни земји во најновиот извештај „Слободата во светот 2021“ на Фридом хаус.

Државата има мал напредок во однос на лани, кога за разлика од годинешните 66 поени од можни 100, „Фридом хаус“ политичките права и граѓанските слободи ги оценил со три поени помалку.

„Левичарската влада ги смири тензиите по парламентарната криза во 2017 година која ја парализираше нормалната политичка активност.

Северна Македонија продолжува да се бори со корупцијата, додека медиумите и граѓанското општество се вклучени во интензивна јавна дебата, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и заплашување“, се вели во Извештајот.

Во него се забележува за владеење на правото, а оценките за транспарентноста, слободата на изразување и корупцијата остануваат исти како и лани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

AGA food&cofee обезбедува оброк и топол чај за сите бездомници и луѓе кои не можат да си дозволат оброк

Редакција

„Шпигел“: ЕУ го прекрши ветувањето, политичките последици можат да бидат сериозни

Редакција

Нови 1.222 случаи на Ковид-19 од 4.342 тестови, 157 се реинфекции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница