еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Македонија е со него: Малиот Марко Пејчиновски го стартува 64-километарски маратон за лицата со ретки болести

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски денеска го стартува својот ултра маратон, во кој ќе се обиде да преплива 64 километри во водите на Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум до Струга и назад до Охрид, во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Маратонот почнува во 15 часот од кај Градското пристаниште во Охрид, а предвидено е кружната патека преку езерото да ја заокружи утревечер на истото место.

Марко Пејчиновски минатата година направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид.

Тој е најмладиот пливач, кој ја препливал таа делница, со што се вмеша меѓу легендите на пливачкиот маратон. Успехот на Марко е дотолку поголем што и самиот тој се соочува со здравствени проблеми, односно има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

Инаку, за престојниот негов подвиг се изработени маички во бела и црна боја што се продаваат по цена од 300 денари, а целиот приход собран од продажбата е наменет за помош на лицата со ретки болести.

За минатогодишниот подвиг Марко ја доби Свети Климентовата повелба – највисоко признание што го доделува Општина Охрид, како и „Златна Буба Мара на популарноста“.

МИА/Фото: Тим на Пејчиновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Малиот Марко Пејчиновски на Голема Богородица ќе плива маратон од 64 км за лицата со ретки болести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Штип останува на врвот: Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Просечната возраст на заболените со Ковид-19 во Македонија е 44 години

Редакција

Проф. Трајковски: Неофицијалниот број на починати од Ковид-19 или негови последици изнесува 16.147

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница