еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија и Турција потпишаа Договор за воено-финансиска соработка   

Во Истанбул министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар потпишаа петгодишен Договор за воено-финансиска соработа и протокол за негова имплементација, зад кои стојат владите на двете држави.

Како што соопштија од Министерството за одбрана (МО), Договорот предвидува фазна алокација на средства на годишно ниво, кои од наша страна ќе бидат користени за модернизирање на армиските капацитети и јакнење на борбената готовност.

– Северна Македонија и Турција не се само стратешки партнери, туку и пријатели кои високо се почитуваат и соработуваат близу три децении, без ниту една дамка во односите, рекла министерката Шекеринска, стои во соопштението.

Договорот за воено-финансиска соработка, нагласила таа, е уште една потврда за пријателството и соработката зацврстени и со НАТО сојузништвото, и ќе биде од огромна помош за унапредувањето на стандардите и борбената готовност на Армијата на Република Северна Македонија како 30-та НАТО членка.

Министерот Акар истакнувајќи го задоволството од потпишувањето на Договорот, потенцирал дека очекува брза и успешна имплементација.

Република Турција е ценет партнер и пријател на Северна Македонија уште од времето на независноста, се наведува во соопштението од МО. Двете земји заеднички учествуваа во НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Во рамки на SEDM иницијативата, Македонија и Турција соработуваат и во Бригадата на Југоисточна Европа SEEBRIG, чиј домаќин во моментов е нашата земја.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Француска инцијатива нема, Османи не верува дека Македонија и Албанија ќе се раздвојат на патот кон ЕУ

Редакција

Денеска за трагедијата собири во Скопје, Охрид и Кочани

Редакција

Бугарската фондација која ги финасира бугарските клубови во Македонија шири лажни вести

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница