Природниот прираст во земјава во третото тримесечје од годинава е негативен. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5,2 отсто и изнесува 5.141 живородени деца.
Истовремено, бројот на умрените лица бележи зголемување од 15,3 отсто во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5.419 лицa, а од нив 23 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -278 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.