еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија нема да ги признае резултатите од референдумите за отцепување на Украина, порача Османи

Македонија нема да ги признае резултатите од референдумите за отцепување на Украина, порача шефот на дипломатијата Бујар Османи. Според него, референдумите се манипулативни и преседан, а да си на страна на Русија значи да си против своите национални интереси.

Османи вели дека Русија го прекрши меѓународнато право и ја загрози европската безбедносна архитектура, особено малите независни држви како нашата.

– Ме чуди што на анкети гледам дека 25 посто македонски граѓани, мислат дека руската агресија во Украина е оправдана, мислејки дека ова е битка помеѓу два пола во светот, а ние сме страна која што е неутрална. Ние не сме неутрална страна, ние сме директно загрозени од рушењето на меѓународните принципи коишто не штитат, вели одговори Османи на новинарско прашање.

Во врска со мобилизацијата во Русија, според Османи, тоа што нуклеарната војна се наметна во дневниот дискурс е опасно само по себе и дека тоа е премин на психолошката бариера и треба да биде аларм.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков ги „закопа“ СДСМ и ДУИ: Без оставки во Владата ќе профитираат Левица и ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

По барање на Народниот правобранител повлечени списоците со лични податоци на граѓани корисници на финансиска поддршка

Редакција

Јанкулоска се враќа во судница: Неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница