еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Македонија нема да учествува на Евровизија 2023, МРТ ќе штеди пари за струја

Македонската Радио Телевизија ја информира јавноста за донесената одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Обединетото Кралство.

-Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023“, којашто до минатата година изнесуваше 39.143 евра, а идната година се очекува да биде повисока.

Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација  во Ливерпул, кадешто се одржува „Евросонг 2023“.

Но, МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале. МРТ се надева дека состојбата ќе се стабилизира, по што земјава повторно ќе се врати со учество на Евровизија во 2024 година, велат од таму

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Осум жени убиени во салони за масажа во одделни инциденти во околината на Атланта 

Редакција

Национални шуми на врвот: Топ 10 должници на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

МВР вели нема кривично дело: Расчистен случајот со наводното киднапирање во Карбинци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница