еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија повторно остана без патнички и товарен железнички сообраќај

Железничкиот сообраќај во државава е во прекин поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт.

Причина за бојкотот, што почна вчера попладне, е неисплатениот втор дел од платата за јули годинава.

Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека од стартот на бојкотот не сообраќаат ниту патничките ниту товарните возови. Досега, како што вели, не се реализирани предвидените сообраќања согласно со возниот ред на шест патнички и пет товарни возови.

Димовски најави дека бојкотот ќе трае до исполнување на барањето, но и постигнување договор за редовна целосна исплата на платите.

-Ова веќе на ништо не личи, речиси за секоја плата мора да правиме бојкот и затоа ќе бараме да почнеме преговори и да се постигне договор да прекине оваа пракса, рече Димовски.

И на крајот на јули имаше прекин во железничкиот сообраќај исто така поради неисплатен втор дел од плата, а од истата причина и претходно во неколку наврати вработените ја бојкотираа работата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 613 случаи на Ковид-19 од 1.837 тестирања

Редакција

Алармантен пораст на семејното насилство, жените жртви на партнерите и синовите

Редакција

Чулев вели дека не се од неговиот тим: Полициски службеници на распит во Обвинителството

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница