еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија повторно повлекува струја од европската мрежа

Еднаш месечно или еднаш во два месеца може да се утврди кој трговец или снабдувач повлекол одредени количини електрична енергија од мрежата. Затоа на дневна база не се знае точно и тоа не е дел од Извештајот што го подготвува Владата, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Бектеши, повлечените 1.700 мегавати од европската мрежа, како што соопшти вчера МЕПСО, се главно од снабдувачите кои ги обезбедуваат компаниите на слободниот пазар, но дел се и од ЕСМ.

-Точни се податоците на МЕПСО. Утрово имав координација со директорот на ЕСМ и сакам да ги уверам граѓаните дека моментно не се увезува електрична енергија за потребите на регулираниот пазар.

Овие повлекувања не се сите од страна на ЕСМ, туку може да се направат и од снабдувачите кои ги обезбедуваат компаниите на слободниот пазар. Овие 1.700 мегавати повлекување се само во недела и повеќето не се од ЕСМ, туку се главно од снабдувачите кои ги обезбедуваат компаниите на слободниот пазар, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања.

Најважно е, дополни Бектеши, што ЕСМ е подготвено и првпат има резерва и во делот на трансформаторот во случај да се случи најлошото.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Персона нон-грата не се прогласува заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност

Редакција

„Сега можете да рушите и да викате од УНЕСКО ни рекоа. Ајде!„: Твитер реакции по препораката Охрид да се стави на листата на загрозени светски наследства

Редакција

Заев ќе поднесе оставка следната недела, за успехот на Ковачевски како премиер предвидува дека ќе биде меѓувладината конференција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница