еМагазин
Image default
Македонија

Македонија во краен случај ќе остане без Скопски џез фестивал и OFFest

По објавувањето на резултатите од конкурсот по Годишната програма на Министерството за култура во кои се исфрлени манифестациите OFFest и Скопски џез фестивал, со горчив вкус но не и премногу изненадени (имајќи ги предвид состојбите во Министерството за култура), ни останува единствено можноста да вложиме жалба, покрај крајната опција за укинување на двата фестивала, соопштија организаторите на Фејсбук.

„Ќе бараме преиспитување на одлуката на министерот (кој според Законот за култура ги донесува одлуките за Годишната програма) и изземање на комисијата за музичко-сценска дејност.

Според нашите сознанија, комисијата работела неправилно, незаконски и со нееднаков третман на нашите апликации во однос на другите. За ова благовремено, по писмен пат, му укажавме на министерот за култура, во текот на постапката на одлучување по конкурсот.

Остануваме слободни нашето укажување до министерот за работата на комисијата дополнително да го доставиме до јавноста“, велат организаторите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е оштетен со Годишната програма на Министерство за култура: „Танец“ сотрен, Ансамблот на албански народни ора и песни колку барал толку добил

И Белопета во шок: Реномираниот „Скопски џез фестивал“ не доби пари од Министерство за култура

Првиот човек на Скопски џез фестивал, Белопета го демантира Заев

Фото: Фејбук/Белопета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Не е донесен Законот за Советот на јавни обвинители, не е гласано по Бадентер

Редакција

Санкционирани 474 лица за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие

Редакција

Штипската модуларна болница преполна со пациенти, еден пациент почина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница