Македонијатурист преку Македонската берза извести дека минатата година остварила позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 122,06 милиони денари, која е за 2,41% поголема во однос на истиот период од претходната 2017 година или нето добивка од 112,06 милиони денари, која е за 1,92% поголема од истиот период во претходната година.
Вкупните приходи за 2018 година изнесуваат 375,85 милиони денари и се остварени со 104,61% во однос на истиот период од претходната година, а истите се за 4,61% поголеми во споредба со дванаесетте месеци од претходната 2017 година.
Вкупните трошоци и расходи од редовното работење во 2018 година изнесуваат 253,21 милиони денари и се зголемени за 5,71% во однос на истиот период од 2017 година.