еМагазин
Image default
Бизнис

Македонска банкарска асоцијација препорачува да се внимава кога се читаат информации поврзани со работењето на банките

Употребата на социјалните мрежи и објавување полувистини, невистини или искривени толкувања на одредени информации, може да внесе непотребна паника и конфузија и да има особено штетно влијание на перцепциите на граѓаните за банките, се вели во соопштението од Македонската банкарска асоцијација (МБА), по како што велат, појавата на коментирање на состојбите во банкарскиот систем и поединечни банки на злонамерен начин, којшто внесува немир кај населението.

Македонска банкарска асоцијација, во таа смисла, препорачува особено да се внимава кога се читаат информациите поврзани со работењето на банките, односно да се прифаќаат за точни и веродостојни само информациите од официјални и проверени извори.

Реакцијата од МБА доаѓа откако, како што велат во соопштението за јавност, во изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за состојбите во банкарскиот систем и за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснован немир кај граѓаните.

– Во овие и онака тешки времиња кога се справуваме со кризата предизвикана од COVID-19, кога се вложуваат максимални напори да се обезбедат банкарски услуги на клиентите и при тоа да се сочува нивното здравје, паралелно со дистрибуцијата на веродостојни и корисни информации кои ќе им го олеснат животот на луѓето, овие тенденции доведуваат до бројни дезинформации кои ги збунуваат и вознемируваат граѓаните, се вели во соопштението од МБА.

Од МБА, уште еднаш нагласуваат дека банкарскиот систем е стабилен и сигурен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„А1 Македонија“ го доби тендерот на „М.Ж. Транспорт“ за набавка на телекомуникациски услуги вреден 80.000 евра

Редакција

Владата донесе нови правила за годишниот одмор на администрацијата

Редакција

Уготур со добивка во првиот квартал

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница