еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонската берза го прекина тргувањето поради вонреден пад на индексот МБИ10

Имајќи го предвид падот на индексот МБИ10 од 7,06 %, а согласно член 58а од Правилата за тргување, Ве известуваме дека Македонска берза во 10:25:45 часот го прекина тргувањето на сите пазари на берзата во траење од 60 минути, соопшти Македонската берза.

„За продолжувањето на тргувањето ќе бидете дополнително известени“, информираат од берзата.

Во наведениот член е предвидено времен прекин на тргување поради вонредна осцилаторност на пазарот:

Член 58-а

(1) Ако вредноста на индексот МБИ10 падне или порасне за повеќе од 70% од максималната можна дневна промена на индексот во однос на неговата вредност на крајот од претходниот ден на тргување, имајќи ги предвид статичките лимити на цените на елементите на индексот пропишани во член 55 од овие Правила, Берзата ќе го прекине тргувањето на сите пазари на следниот начин:

– доколку наведената состојба се случи до 11:45 часот, прекинот ќе трае 60 минути

– доколку наведената состојба се случи во или после 11:45 часот, прекинот ќе трае 30 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По едночасовниот прекин, продолжи тргувањето на Македонската берза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип ново жариште: Рекордни 60 новозаразени со корона вирусот

Редакција

„Медена земја“ освои две престижни признанија на светските награди за документарци

Редакција

Орце Камчев за Фактор: Јас лично ќе се залагам да пројде референдумот, со Мијалков веќе не сме пријатели

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница