еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонската економија годинава со раст од 2%, прогнозира ЕБОР

Македонија годинава ќе забележи раст на бруто домашниот производ (БДП) од 2 отсто, а во 2024 од 3 проценти, прогнозира Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за состојбата на економиите во регионот што го покрива.

– Растот на БДП веројатно ќе остане скромен во 2023 година од околу 2 отсто, пред да се зголеми на 3 отсто во 2024 година, поради очекуваното глобално економско закрепнување.

И покрај натамошното зголемување на минималните плати од април 2023 година, зголемувањето на пензиите и ограничувањата на цените на некои основни производи, побарувачката на домаќинствата ќе остане пригушена во 2023 година, бидејќи високите нивоа на инфлација ги намалуваат реалните приходи.

Економското забавување на главните трговски партнери ќе се одрази на извозот, додека зголемената неизвесност и заострените услови за финансирање може да влијаат на довербата на инвеститорите, се наведува во извештајот на ЕБОР за земјава.

ЕБОР очекува економскиот раст во регионот на Западен Балкан да забави до 2 отсто во 2023 година, а наредната да достигне до 3,4 проценти.

Од земјите во регионот, најголем економски раст годинава ќе имаат Црна Гора и Косово од 3,5 проценти, Албанија и Хрватска 2,5 проценти, Грција 2,4 проценти, Србија 1,8 проценти, Бугарија 1,6 проценти, а најмал Босна и Херцеговина од 1,5 проценти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоковиќ на Мастерс во Индијана Велс изгуби од италијанецот Лука Нарди, кој е на 123. место на АТП листата

Редакција

Откажа заедничката седница на владите на Албанија и Косово, Курти го налути Рама

Редакција

38-годишен маж пронајден мртов во мотел во скопски Чаир

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница