еМагазин
Image default
Да помогнеме

Македонската организација Ц.С.И. Надеж дел од глобално движење на филантропијата

Оваа година, здружение од Македонија –Ц.С.И.Надеж учествува во глобалната иницијатива за зајакнување на сите форми на добротворни придонеси за општеството.

„Наречено #GivingTuesday, ова глобално движење на филантропијата кое го означува почетокот на сезоната на подарување, покажа голем успех во фокусирањето на светското внимание на моќта на давањето за подобрување на животот на луѓето.

На овогодинешниот #GivingTuesday, можете и вие да се приклучите со мал личен придонес, кој заедно со сите останати на овој ден ќе направи големо влијание во животите на овие ранливи дечиња.

Вашата донација дадена токму на овој ден има двојно влијание бидејќи ќе овозможи Едукативниот центар „Надеж“ да добие и дополнителни сретства од GlobalGiving платформата, која во рамки на оваа кампања одвојува 1 милион долари кои ќе бидат распределени меѓу организациите учеснички во истата, зависно од сумата на донации која секоја организација поединечно ќе ја собере на овој ден.

Затоа, вклучете се денес 30 Ноември и донирајте. Овие дечиња ја очекуваат вашата поддршка!, порачуваат од Ц.С.И. Надеж,“ се вели во соопштението.

Сите заинтересирани може да донираат на Give education to 60 vulnerable Roma children – GlobalGiving.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апел за помош: Потребни се уште 15.000 долари за операција на двегодишната Мила

Редакција

(Галерија) Мизерното лице на сиромаштијата: На мајка и ќерка им требаат две соби

Редакција

Александар боледува од канцер на лимфни жлезди, потребни се средства за трансплантација во Турција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница