еМагазин
Image default
Македонија

Македонски државјанин приведен во Бугарија за шверц на мигранти

Регионалното јавно обвинителство од бугарскиот град Бургас им одреди мерка притвор во траење од 72 часа на државјани на Македонија и на Романија, под сомнеж за организирање на илегален транспорт на мигранти од Авганистан.

Како што соопшти Обвинителството, двајцата странски државјани се товарат дека незаконски им помагале на лица со авганистанско потекло да престојуваат и да транзитираат низ територијата на Бугарија.

Македонскиот државјанин е осомничен за организирање на илегален транспорт на 26 авганистански мигранти, кои биле откриени во неделата во селото Драганци во Општина Карнобат, во реонот на Бургас.

Романскиот државјанин, пак, е обвинет илегален превоз на 27 Авганистанци, пронајдени во понеделникот на потегот меѓу селата Житосвјат и Малина во истата Општина.

Авганистанските државјани биле превезувани со две моторни возила со иста марка и модел.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На кислородна поддршка 27 пациенти заболени од корона вирусот, во потешка состојба 15 лица

Редакција

Еден пациент почина од Ковид-19 во велешката болница

Редакција

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини: Аеродром и Центар со над 100 заразени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница