еМагазин
Image default
Македонија

Македонски камионџија повреден во сообраќајка во Бугарија

Дваесет и шестгодишниот Мите Бидев од Валандово е повреден во сообраќајка што се случила ноќеска во 1:30 по полноќ, на автопатот Е79 во близина на бугарскиот град Кресна, јави БГНЕС.

Во сообраќајката е повреден и 46-годишен ерменски државјанин.

Двајцата се повредени во директен судар меѓу џип „ауди“, со ерменска регистрација и камион „мерцедес“, со македонски регистарски таблички.

Тие со возило на брза помош биле пренесени во болницата во Сандански.

Бидев има повреди на колкот, а ерменскиот државјанин на главата и колкот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за случајот „Софтвери” продолжи со изведување докази од Обвинителството

Редакција

18 починати лица од Ковид-19, најмладиот на 35-годишна возраст, имал претходно заболување

Редакција

(Фото-вест) Грчки авиони летаа над Скопје на годишнината од влезот во НАТО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница