еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски телеком со зголемена добивка и приходи во првото полугодие

Македонски Телеком продолжува со успешното работење во сите сегменти и во првото полугодие на 2021 година, информираат од компанијата.

“Приходите од продажбата се зголемени за 4,1 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 5.391 милиони денари.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 5,3 отсто, во споредба со истиот период претходната година.

Македонски Телеком е цврсто позициониран на лидерското место на пазарот на ТВ услуги со повеќе од 34 отсто удел во вкупниот ТВ пазар. На крајот од првото полугодие, базата на корисници е зголемена за 4,7 проценти во споредба со истиот период од претходната година и сега изнесува 144,5 илјади корисници.

Согласно со ваквите трендови, пораст бележат и приходите од овој сегмент, коишто исто така се зголемени за 3,6 отсто во споредба со истиот период минатата година.

На крајот на првите шест месеци од 2021 година, Македонски Телеком бележи раст и во интернет сегментот со зголемен број на корисници за 6 проценти и зголемен пристап до широкопојасен интернет за 5 проценти во споредба со истиот период од 2020 година. Бројот на интернет корисници сега изнесува изнесува 194,1 илјади, а уделот на пазарот е 49,5%.

И приходите од мобилните услуги во првото полугодие од 2021 година бележат зголемување од 3,3 отсто во споредба со истиот период лани, што се должи на зголемениот  број на постпејд корисници.

Компаниската посветеност и инвестициите во оптичката мрежа резултираат со континуиран раст на бројот на оптички пристапи во земјата. На крајот од првите шест месеци од годинава, повеќе од 233 илјади корисници имаат пристап до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Со континуираното позитивно работење, компанијата ги обезбедува неопходните предуслови за понатамошен развој на мрежата и претставување нови технологии и иновативни услуги. Сето тоа на корисниците ќе им обезбеди врвни кориснички искуства, а на општеството ќе му обезбеди основа за континуирана дигитализација во секој сегмент“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

М-НАВ доби нов Управен одбор и директори

Редакција

Македонците без виза на даночниот офшор рај на Карибите – Свети Кристофер и Невис

Редакција

ЦГК: Договори за јавни набавки вредни над 400 милиони евра лани склучени во постапки со само една понуда

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница