еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонскиот филм „Скаут“ селектиран на престижниот фестивал „Л.А. Шортс“ во САД

Краткометражниот филм „Скаут“ во режија на Алекс Цветков е селектиран во компетитивната програма на најзначајниот филмски фестивал за краткометражен филм во светот „Л.А. Шортс“ што ќе се оддржи од 17 до 25 јули во Лос Анџелес, Калифорнија.

„Л.А. Шортс“  важи за официјален квалификациски настан за наградата за кратки филмови на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА). Најголем дел од филмовите селектирани на овој фестивал речиси секоја година се дел од селекцијата во трката за „Оскар“.

Краткометражниот „Скаут“ е научно-фантастичен филм работен по сценарио и режија на Алекс Цветков, син на популарниот каскадер од Македонија, Рок Цветков, кој стекна светска слава работејќи на холивудски филмови како „Шиндлерова листа“, „Патриот“, „Ничија земја“ и др. Младиот Цветков студира режија во Лос Анџелес, а овој дебитантски филм е негова дипломска работа.

На филмот работеше македонската екипа, продуцентот Сашо Пешев, кој е носител на проектот преку продуцентската куќа „Ново македонско видео“, кинематографот Дејан Димески, а визуелните ефекти на филмот ги работеше студиото за пост продукција од нашата земја, „Видео Хаус анимејшн и македонски артисти“.

Копродуценти се: „МФ продукција“ на Игор Нола од Хрватска и Рок Цветков и Вања Сремац од Словенија.Кастингот на филмот е интернационален, а главните улоги ги толкуваат Мозес Гомез – Сантош, Хоџи Фортуна, Ула Фурлан и др.

Дејството на филмот е дистопија, се случува во дехуманизирано општество во кое апликацијата „Скаут “е најпопуларната социјална мрежа меѓу луѓето, преку која тие споделуваат видеа во живо или вести, за што добиваат пари. Колку е подобар стримингот што го имаат, толку повеќе пари и популарност ќе заработат.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
„Скаут“ беше премиерно прикажан на затворањето на минатогодишното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечер со Руми: Последниот книжевен препев на Драги Михајловски

Редакција

Веро подготви подароци за првачињата на своите вработени

Редакција

Програмата на Вкусот на Скопје ’19 дефинитивно ќе Ви го разбуди апетитот!

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница