еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Македонскиот фудбал е национална гордост, порача Заев

Македонскиот фудбал е национална гордост. Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук-профил.

„Благодарност до сите наши навивачи, покажавме што значат гордост и европски манири среде Европа. Европа знае, Европа виде – е тука, гласна, силна, на терен и на трибини. Еден тим, една држава, едно општество.

Благодарност и до УЕФА за одличната организација и за професионалниот однос кон нашата репрезентација. Се вложивме сите во спортот, навивавме заедно, се исправивме против омразата. Покажавме заедништво и обединетост.

Од сѐ срце упатувам честитки до сите македонски репрезентативци за радоста и гордоста што ни ја приредија. Нека пласманот на ова Европско првенство биде само почеток на многуте интернационални успеси,“ напиша Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Заев на покана на холандскиот премиер Руте, заедно со сопругата Зорица го следат натпреварот помеѓу Македонија и Холандија

Игор Ангеловски повеќе нема да биде селектор на македонската фудбалска репрезентација

(Фото) Пандев се опрости од македонската репрезентација на натпреварот со Холандија

Фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Wine Berry нов вински бар и продавница со уникатен концепт: Може да се најдат најразновидни вина со потекло од Италија, Франција, Чиле, Нов Зеланд

Редакција

Земја во изумирање: Македонија со пониска стапка на фертилитет од скандинавските земји

Редакција

Европската комисија повикува на конструктивен дијалог во македонското Собрание

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница