еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските државјани кои беа во хотел на северот на Косово, безбедно упатени дома со придружба на полицијата

По извршените вообичаеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција, информираше министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи вооружениот напад врз полицијата.

Во текот на вчерашниот ден косовската полиција беше веднаш соодветно известена за оваа ситуација по редовните канали, а јас лично разговарав и со мојата колешка Доника Гервала – Шварц.

Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив,“ објави Османи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во хотел во близина на манастирот Бањска, во кој се напаѓачите на косовската полиција

Фото: Еулекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Фросина Ременски кандидат за претседател на СДСМ: Каков имот пријавила?

Редакција

Орка Холдинг достави понуда за преземање на Жито Полог

Редакција

(Фото) Грчката полиција повлекува нотеси и агенди со знакот на грчката полиција и мапа на кои пишува Македонија и Северен Кипар 

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница