еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Македонските пронаоѓачи со повеќе награди на Саемот на иновации и нови технологии во Москва

Претставници од Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија добија повеќе награди за патентите со кои се претставија на 24-тиот Меѓународен саем на иновации и нови технологии „АРХИМЕДЕС“, кој се одржа во Москва во организација на Архимед клуб.

Во конкуренција на 600 патенти од 19 држави од сите континенти и 34 региони, кои добиле право да учествуваат на овогодинешниот саем, нашите претставници освоија повеќе награди меѓу кои два Златни медали од стручното жири, информираат од Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија – НАПМ.

Драган Јованов за неговиот патент „Агрофито тоник“ е добитник на Златен медал (од стручното жири), Пехар за најуспешен млад научник од областа и Златен медал (специјална награда од партнерот на саемот).

Борис Дескоски за неговиот патент „Електронски стап за слепи лица“ е добитник на Златен медал (од стручното жири) и Златен медал од сојузот на пронаоѓачи од Руска Федерација (Севастопол).

Нашите претставници, се вели во соопштението, добиле и повеќе специјални награди (дипломи) од престижни руски универзитети, додека нивните патенти предизвикале голем интерес кај посетителите и стручната фела.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MASWA) ги собира светските експерти за управување со отпад и кружна економија на конференција во Скопје на 29 и 30. мај

Редакција

Во сабота релативно топло со сончеви периоди, во недела и понеделник врнежи

Редакција

„Дојче Веле“: Сите детали од францускиот предлог за решавање на бугарско-македонскиот спор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница