еМагазин
Бизнис

Макошпед во првите шест месеци со зголемена добивка

Макошпед АД Скопје за периодот јануари – јуни 2022 година оствари добивка од 195.871 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 196.123 илјади денари  искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Остварените вкупни приходи за период јануари – јуни 2022 година изнесуваат 231.334 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2021 година бележат зголемување.

Оперативните приходи изнесуваат 228.792 илјади денари и бележат зголемување во однос на оперативните приходи за истиот период 2021 година, што се должи пред се на продажба на недвижен имот.

Финансиските приходи изнесуваат 2.542 илјади денари, додека во 2021 година друштвото има остварено 3.056 илјади денари.

Вкупните расходи за период јануари – јуни 2022 година во износ од 35.463 илјади денари бележат зголемување во однос на вкупните расходи за истиот период 2021 година.

Оперативните расходи во периодот јануари – јуни 2022 година изнесуваат 35.407 илјади денари и бележат незначително зголемување во однос на истиот период 2021 година.

Финансиските расходи изнесуваат 56 илјади денари и бележат намалување во однос на финансиските расходи за истиот период 2021 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макошпед со зголемена добивка во првите три месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со Геометар Про. Инг. вреден 575,6 илјади евра

Редакција

„Макпетрол“ откупи сопствени акции

Редакција

Јавни претпријатија должат милиони неплатен данок кон УЈП

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница