еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Природниот гас достапен по намалена цена преку „Макпетрол“

Како резултат на одличниот договор што компанијата го постигна со „Гаспром“, во февруари „Макпетрол“ ќе ги намали цените на метанот (КПГ – компримиран природен гас), како и на природниот гас, информираат од компанијата.

Споредено со јануари, малопродажната цена на метанот е пониска за 12.74%, односно 14 денари за килограм и сега изнесува 96 ден./кг. За 204 евра за 1.000 нормални метри кубни, пак, се намалува цената за природниот гас.

Капацитетот на „Макпетрол“ на планот на нафтените деривати, како и на другите енергенси, е единствен на македонскиот пазар, односно се работи за бренд чие што 75-годишно искуство и расположлив кадар овозможува да постигнува вакви резулати сè со цел на своите деловни партнери да обезбеди најквалитетни енергенси по најповолни цени, велат од компанијата.

– Имајќи ја предвид нашата долгогодишна професионална соработка со „Гаспром“, како и поради фактот што „Макпетрол“ е единствената компанија што од земјава потпишува и остварува вакви договори, така и на овој план постигнавме одлична спогодба, што ни обезбеди цена за 30 проценти пониска од берзанската.

И покрај глобалната енергетска криза, за нашите деловни партнери во февруари тоа ќе се рефлектира со подобрена понуда и во малопродажбата на метанот и во големопродажбата на природниот гас, истакнуваат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчитани на еМагазин за 2021: Кинеските вакцини не создаваат клеточен имунитет, нивната заштита многу брзо бледее, вели проф.Трајковски

Редакција

На повреден во пожарот во Кочани му е извршена трансплантација на лице

Редакција

30-дневен затворски притвор за Рашковски и Станчевски за набавката на софтвер во МВР

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница