еМагазин
Image default
Бизнис

„Макпетрол“ АД Скопје овозможи онлајн нарачки и плаќање на екстра лесно масло за домаќинство EL-1

Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи дека отсега може да нарачуваат и купуваат екстра лесно масло за домаќинство EL-1 преку онлајн платформата на компанијата достапна на следниот линк.

Плаќањето на нарачаните количини екстра лесно масло за домаќинство EL-1 се врши онлајн, а доставата е директно на адресата што ја навел потрошувачот.

Покрај онлајн нарачките и уплатата, „Макпетрол“ од 17 октомври започна и со физички прием и достава на документација за екстра лесно масло за домаќинство EL-1, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот.

Продажбата оваа година се врши преку складовите на „Макпетрол“.

Детални информации околу уплатата и испораката на екстра-лесното масло за домаќинство според местото на живеење потрошувачите можат да најдат на следниот линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На што ќе се трошат парите на граѓаните: Општина Тетово за 2023 со буџет од 29 милиони евра

Редакција

„Еуросупер БС-95“ поевтинува за два денари, цената на другите горива останува иста

Редакција

„ЈУ-БАЈ 2“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на „Партизанска“ вреден 1,1 милион евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница