еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Макпетрол“: Цената на природниот гас за февруари ќе биде за 40% пониска

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец февруари ќе се намали за 40% за мегават час, во однос на цената за месец јануари оваа година.

„Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 41 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 123,50 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 82,50 денари за килограм или 58.40 денари за литар,“ информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милка Тодорова и Владислав Хаџидинев реизбрани за членови на УО на УНИ Банка

Редакција

32 случаи на заболени со коронавирусот во Македонија се импортирани од надвор

Редакција

Секоја инвестиција на иселеник во Македонија ќе биде поддржана со до еден милион евра неповратни средства од Владата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница