еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макпетрол: Цената на природниот гас за март ќе биде за 11% пониска

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец март ќе се намали за 11 проценти за мегават час, во однос на цената за месец февруари оваа година.

„Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 7,5 денари за килограм (5,31 денари за литар) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 82,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 75 денари за килограм или 53,1 денари за литар,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Не донирајте стари и оштетени работи за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Редакција

(Видео) Промовирана евровизиската песна на Тамара: Во спотот се појавуваат голем број познати жени

Редакција

(Видео/аудио) Трета „бомба“ од „Ла Верита“: Повторно се слуша гласот на Јанева, а се споменува и премиерот Заев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница