еМагазин
Image default
Бизнис

Макпетрол лани двапати ги зголемил платите на вработените

Со цел надминување на економската криза и подобрување на животниот стандард на вработените, Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје, во текот на 2022 година, во два наврати донесе одлуки за зголемување на платите, каде беа вклучени 1.943 вработени, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Зголемувањето на платите беше во висина од околу 20%.

Покрај зголемувањето на платите, во 2022 година Друштвото на вработените на име Новогодишен надоместок им исплати бруто-износ од 33.333 денари по вработен, за што беа вложени 64,9 милиони денари, регрес за годишен одмор во бруто износ од 36.667 денари по вработен, за што вложи 71,79 милиони денари и дел од добивката по годишната сметка за 2021 година наменет за вработените во износ од 70 милиони денари.

Особено важно е да се истакне дека, со континуираното придржување до строгите превентивни здравствени протоколи, на сите локации на коишто Друштвото ги врши дејностите, во ниту еден момент не се загрози здравјето на вработените и здравјето на потрошувачите, а со самото тоа се овозможи непречено функционирање на Друштвото, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макпетрол лани со добивка и раст на приходите за 67,29%

Макпетрол ќе набавува гас за март по цена од 60,10 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Технолаб“ го доби тендерот за мерење на емисијата штетни материи од оџаците на РЕК Битола вреден 53.000 евра

Редакција

Раст од 364,66% на добивката на Стопанска банка Битола

Редакција

Тетекс лани со нето-добивка од 70,8 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница