еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) „Макпетрол“: Лажна наградна игра циркулира во приватни пораки на социјални мрежи

Линкови кои што водат до лажна наградна игра почнаа да циркулираат во приватни пораки на социјалните мрежи и во нив „Макпетрол“ се наведува како организатор, информираат од компанијата.

Компанијата укажува дека се работи за измама и потенцира дека корисниците не треба да кликаат на линковите во пораките, бидејќи на тој начин ја загрозуваат безбедноста на своите електронски уреди и лични податоци.

– „Макпетрол“ традиционално секоја година ја организира наградната игра „Со Верна купувај и награди добивај“ и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури.

Активни и официјални интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека официјален Facebook-профил е „Макпетрол Ultra“.

Сите останати пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни, немаат никаква поврзаност со „Макпетрол“ и граѓаните истите треба целосно да ги игнорираат, истакнуваат од компанијата.

Надлежните институции се известени за пораките преку кои што се повикува учество во лажната наградна игра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дожд и засилен ветер за време на празничниот викенд

Редакција

Десетина пораки за врсничко насилство стигнале на мејловите на Министерството за образование и наука

Редакција

За новогодишната ноќ на Токсикологија примени 17 пациенти, од кои седуммина малолетници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница