еМагазин
Image default
Македонија

Макрон: Гласањето на Договорот од Преспа е пример за храброст и единство на Европа

Официјален Париз ја поздрави ратификацијата на Договорот од Преспа од страна на грчкиот Парламент, јавува дописникот на МИА.

За францускиот претседател Емануел Макрон „гласањето на Договорот од Преспа е пример за храброст и единство на Европа“, напиша тој на Твитер

Министерот за Европа и надворешни работи Жан Ив Ле Дриан преку официјално соопштение порача дека го поздравува „гласањето од грчкиот Парламент на законот за ратификување на Преспанскиот договор за името на Поранешната Југословенска Република Македонија“ и додава  дека „оваа политичка етапа суштински ќе овозможи стапувањето во сила на овој историски договор да има за цел ставање крај на билатералниот спор стар четвртина век“, додава тој.

Притоа Ле Дриан ја поздравува храброста на лидерите и особено премиерите на двете земји:

„Сакам да ја поздравам храброста и одлучноста што ја покажаа грчките и македонските лидери, особено премиерите Ципрас и Заев.“

Договорот од Преспа, според Париз „ќе овозможи развој на односите меѓу двете земји во многу области и ќе ја зајакне стабилноста на регионот на Западен Балкан и на Европа како целина.“

Париз притоа ја нагласува и поддршката на Франција за зачленување на Македонија во НАТО.

„Дополнително, со поддршка на Франција, договорот го отвора патот за пристапување на “Република Северна Македонија” во Атлантската алијанса, во согласност со поканата упатена до неа на самитот минатиот јули и придонесува за нејзиното европско приближување“ – се вели во соопштението на Кеј Д’Орсеј.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Законот за Договорот од Преспа објавен во Службен весник на Грција, го потпиша и грчкиот претседател

„Македонија си го смени името, парите и пасошите“: Што пишуваат регионалните медиуми за ратификацијата на Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италија и донираше на Македонија 250.000 вакцини Фајзер

Редакција

Средба на Османи со Столтенберг во Брисел

Редакција

Нивото на доверба на македонските граѓани во ЕУ на рекордно ниско ниво

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница