еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Малолетници сакале да се фотографираат на зградата на поранешен „Житомел“, еден од нив паднал во силос за жито

На 08 февруари во 15 часот во СВР Куманово од Ургентниот центар Куманово било пријавено дека од ул.„Тодор Велков“, било донесено дете со повреди од пад.

„Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден околу 14.30 часот, шест малолетници заминале во зградата на поранешен „Житомел” со цел да се фотографираат. Потоа сите се качиле на петтиот кат од објектот, во делот силоси за жито, по што еден од нив на возраст од 14 години движејќи се наназад, не забележал дека на подот има отвор од силос, и пропаднал внатре во отворот, паѓајќи до приземната просторија.

Детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Комплексот клини “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово,“ информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте црниот биланс: Најмалку 28 жртви и 650 повредени од земјотресот во Албанија

Редакција

Ѓоковиќ испиша историја: Рекордер по бројот на недели како светски број еден тенисер

Редакција

Димитриос Пасхос е нов главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ назначен за нов претседател на Одборот на директори

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница