еМагазин
Image default
Локално

Малолетно момче и уште еден пешак „колатерална штета“ по судар меѓу два автомобили

На 17.09.2019 во 16.45 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, на крстосница од локалниот пат с.Добовјани и патот кон с.Велешта, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „југо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.П.(58) од с.Вевчани и патничко моторно возило „фоксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(54) од с.Велешта, информира МВР.

Од ударот возилото „југо“ удрило во пешакот С.Б.(55) од Р.Албанија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.П. и С.Б. и биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „југо“, С.П.(49) и 12 – годишен пешак, кој се движел заедно со С.Б. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведено 40-годишно лице во чија што куќа во Скопје беа пронајдени малолетниците во бесознание

Редакција

Повеќе малолетници тепале дете, го снимиле тепањето и го објавиле на социјалните мрежи

Редакција

Вчера имало 33 пожари, активни седум од вчерашните и четири нови од утрово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница