еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Малта стана првата членка на ЕУ која ја легализираше марихуаната за лична употреба

Малта стана првата земја од Европската Унија која ја легализираше марихуаната за лична употреба, пренесуваат светските агенции.

Според законското решение кое го усвои Парламентот, земјата легализираше и одгледувањето за личната употреба на марихуаната.

На лицата над 18 години ќе им биде дозволено да поседуваат до седум грама марихуана и во домашни услови да посадат најмногу четири стебла.

Пушењето во јавност останува забрането, исто како и во присуство на малолетници.

Се очекува примерот на Малта да го следат и други европски држави, како Луксембург, Германија, Швајцарија…

Уругвај во 2013 година стана првата држава во светот која целосно ја легализираше марихуаната, а пет години подоцна тоа се случи и во Канада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Данска ги олесни ковид-правилата за влез на македонските државјани

Редакција

17-годишното момче кое доживеа струен удар е во критична состојба

Редакција

Две дози од вакцините штитат од делта сојот, велат од Европската агенција за лекови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница