еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Манифест на секојдневниот херој“ – најновото од Робин Шарма во издание на ТРИ!

Уште еден наслов од светскиот гуру за позитивна мисла и лидерство, Робин Шарма – „Манифест на секојдневниот херој“ – денес пристигнува и на македонски јазик во издание на Издавачки центар ТРИ.

Мотивацискиот говорник и легендата за лидерство Робин Шарма над 25 години менторира и инспирира милиони луѓе. Неговите книги и револуционерни методи променија многу животи низ целиот свет – на милијардери, бизнисмени, спортски ѕвезди и актери, членови на кралски семејства, па сѐ до секојдневните херои меѓу нас кои постигнале неверојатни резултати благодарение на неговата докажана методологија.

Во „Манифест на секојдневниот херој“ Шарма уште еднаш го прави достапен овој систем што може  да го промени животот секому, ако е подготвен да ја прифати позитивноста и својот голем потенцијал за остварување на духовна слобода и врвна продуктивност во животот.

Книгата им помага на читателите да ги откријат навиките на најкреативните луѓе во светот за исполнување на нивните соништа и амбиции. Исто така, нуди вредни сознанија за техниките што ќе помогнат за канализација на стравот и за претворање на проблемите и неуспесите во позитивност и успех.

Но „Манифест на секојдневниот херој“ е четиво препорачливо и за луѓето кои страдаат од недостиг на енергија и порокот на одвраќање и одложување, помагајќи им повторно да ја откријат својата внатрешна магија и дисциплина.

Сè на сè, „Манифест на секојдневниот херој“ е одличен спој на духовност, мотивација и мудрост.

Објавувањето на овој наслов на македонски јазик доаѓа непосредно по светската промоција на книгата во септември.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв љубовен базар во Веро центар со специјални попусти и изненадувања

Редакција

Vivax заедно со MS Start и MS Energy од M SAN претставени на IFA 2019 во Берлин

Редакција

ОКТА со нова донација на брзи тестови за детекција на Ковид-19

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница