еМагазин
Image default
Македонија

Марјан Забрчанец позитивен на Ковид-19

Марјан Забрчанец, националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата синоќа соопшти дека е позитивен на Ковид-19.

„Денес добив лесни симптоми на настинка, се тестирав и вечерва добив позитивен Ковид-19 резултат. Добро се чувствувам, ги следам целосно советите на лекарите и од овој момент одам во домашна изолација.

Водете максимална грижа, вирусот наоѓа најразлични начини да продре до човечкиот организам. Носете маска секогаш, секаде, одбивајте физички контакти, преместете ги сите состаноци онлајн, одбивајте групирање, дезинфицирајте. Чувајте се, преку дисциплина и упорност ќе успееме. Стоп Ковид-19!“, напиша Забрчанец на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска позитивна на Ковид-19

Фото:Фејсбук/Забрчанец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојанов ја врати објавата во која нуди 200 евра за идентитетот на македонски полицаец, МВР го известило Обвинителството

Редакција

За Нова демократија, уставните амандмани на македонската Влада го прават “уште полош и онака лошиот Договор од Преспа”

Редакција

Полицаец од Крушево нападнал колеги, а на други лица им се заканувал

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница