еМагазин
Свет

Марихуаната за рекреативна употреба стана легална во американската сојузна држава Њујорк

Пратениците во американската сојузна држава Њујорк го усвоија Законот за легализација на марихуана, а гувернерот Ендру Куомо најави дека ќе го потпише новиот закон.

Предлог-законот беше поддржан од двата дома на Конгресот во Њујорк, каде Демократската партија има мнозинство.

Законот предвидува лицата над 21 година да можат да купуваат марихуана за рекреативна употреба, а ќе биде воспоставен и лиценциран систем за испорака на производи од канабис до клиентите.

Њујорчани ќе имаат и право да одгледуваат и три зрели и три незрели растенија за лична употреба.

Законот веднаш стапува во сила, но продажбата ќе може да почне дури за 18 месеци до 24 месеци, бидејќи Њујорк мора да наметне правила и да формира комисија што ќе биде надлежна за секторот.

Сојузната држава Њујорк ќе ги укине казните за поседување помалку од 85 грама марихуана и автоматски ќе ги укине казните на осудените за поседување марихуана.

Властите во Њујорк проценуваат дека легализацијата ќе и донесе на сојузната држава приход од 350 милиони долари годишно. Њујорк ќе воведе данок на промет од девет отсто, плус дополнителен данок од четири проценти што ќе го делат локалните власти.

Исто така, ќе биде потребен дополнителен данок врз основа на нивото на тетрахидроканабинол.

Марихуаната за рекреативна употреба е дозволена уште во 14 други сојузни американски држави и Областа Колумбија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин бил подготвен да бара „дипломатски решенија“ и покрај признавањето на независност на Луганск и Доњецк

Редакција

Русите ги погодиле објектите на Украинската служба за безбедност и Центарот за информациско-психолошки операции во Киев

Редакција

И покрај високиот процент на вакцинирани, во Израел повторно е задолжително носење заштитни маски во затворен простор на јавни места

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница