еМагазин
Image default
Свет

Масакр во САД: Петмина убиени, меѓу нив и две деца

Пет лица загинаа, вклучувајќи и две деца, при оружен напад во куќа во Рок Хил во Јужна Каролина, соопшти шерифот на округот Јорк.

Отворен е оган и врз уште едно лице кое се здобило со сериозни повреди. Осомничениот е уапсен, соопштија локалните власти.

„Го идентификувавме лицето за кое сметаме дека е одговорно за нападот. Го пронајдовме во една куќа во близина на местото на инцидентот. Не постои директна закана за населението“, објави на Твитер канцеларијата на шерофот на округот Јорк.

Жртвите се идентификувани како доктор Роберт Лесли (70) и неговата сопруга Барбара Лесли (69), нивните внуци и Џејмс Луис (39), кој работел во куќата.

Властите не го соопштија името на осомничениот, ниту мотивот за нападот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија, Украина и Турција се договорија за извозот на украинското жито

Редакција

Русија испраќа воен корпус на границата со Финска, земјата размислува за влез во НАТО без Шведска

Редакција

Иран: Нелогични се гласините дека украинскиот авион бил погоден со ракета

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница