еМагазин
Image default
Свет

Масакр во САД: Петмина убиени, меѓу нив и две деца

Пет лица загинаа, вклучувајќи и две деца, при оружен напад во куќа во Рок Хил во Јужна Каролина, соопшти шерифот на округот Јорк.

Отворен е оган и врз уште едно лице кое се здобило со сериозни повреди. Осомничениот е уапсен, соопштија локалните власти.

„Го идентификувавме лицето за кое сметаме дека е одговорно за нападот. Го пронајдовме во една куќа во близина на местото на инцидентот. Не постои директна закана за населението“, објави на Твитер канцеларијата на шерофот на округот Јорк.

Жртвите се идентификувани како доктор Роберт Лесли (70) и неговата сопруга Барбара Лесли (69), нивните внуци и Џејмс Луис (39), кој работел во куќата.

Властите не го соопштија името на осомничениот, ниту мотивот за нападот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се разгорува трговската војна: САД со нови царини за компјутери, лук и уште 3.800 производи од Кина

Редакција

(Видео) Повеќе од 100.000 руски окупатори се наоѓаат на наша територија, подмолно пукаат врз станбени згради, вели Зеленски

Редакција

Рускиот напад врз Украина може да почне во следните часови или денови и ќе биде екстремно насилен, тврди САД

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница