еМагазин
Image default
Локално

Масовна тепачка на прослава на верскиот празник Митровден

На 08.11.2018 година околу 12.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во дворот на црквата „Св.Димитрија“ во село Баница, струмичко, за време на прослава по повод верскиот празник Митровден, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата Д.М.(31) и Т.М. од село Баница од една страна и Н.С. и Ѓ.Т. од друга страна, по што се приклучиле и други лица, информира МВР.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Д.М., кој по укажаната помош во Медицинскиот центар Струмица бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со телесни повреди се здобиле Т.М. и П.А.(28),. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за целосно расчистување  на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДК: Вработен во обезбедувањето на Сити мол пријавил бомба за да го зафркава шефот

Редакција

Хаос во Скопје: Повеќе соседи се испотепале во расправа за паркирање

Редакција

Поднесено обвинение за венецуелскиот државјанин фатен со дрога на скопскиот аеродром

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница