еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Mасовно труење на кучиња во Неготино

Општина Неготино најостро го осудува свирепото уништување на кучиња, напиша на Фејсбук неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, по објавувањето на информации во јавноста, за масовно труење на кучиња на потегот на улицата „Индустриска”.

– Општина Неготино јасно, недвосмеслено и најостро го осудува овој вандалски чин и бара од надлежните институции да преземат и спроведат итни активности, за откривање и пронаоѓање на сторителот или сторителите на овој грозоморен чин.

За таа цел, остварен е официјален контакт со надлежните од ОВР Неготино и побарана е брза интервенција за откривање на идентитетот на лицето кое го извршило делото, поднесување на соодветен поднесок против него согласно законските прописи и изрекување на санкции за стореното дело, напиша Стојанов.

Тој додава исто така, дека било контактирано и со одговорните од Ветеринарна станица Неготино, со сугестија за поинтензивно заловување на кучињата-скитници и нивно сместување во постоечкиот стационар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Во Струга со пушка застрелани десетици маалски и домашни миленици, сторителот да одговара бара „Анима мунди“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ковачевски се поклони пред спомен плочата на Светите Кирил и Методиј во базиликата „Санта Марија“ во Рим

Редакција

Како се пренесуваат мајмунските сипаници

Редакција

СОНК вечер носи конечна одлука за прекин на штрајкот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница