еМагазин
Македонија

Матичните лекари добија протокол за лекување со „ивермектин“: Апел до граѓаните да не го пијат на своја рака

Министерството за здравство информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Ковид-19 центрите при интернистичкиот блок, изготви мислење за употребата на лекот „ивермектин“ кај пациенти со Ковид-19.

Протоколот преку Лекарската комора во текот на вчерашниот ден беше испратен до матичните лекари. До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот.

„Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО. Согласно Решението на МАЛМЕД истиот лек се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.

Министерството за здравство потенцира дека „ивермектин“ е антипаразитски лек со широк спектар на делување, неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација.

Апелираме граѓаните на своја рака да не го пијат лекот „ивермектин“, бидејќи единствено лекар може да утврди дали постојат индикации за користење на лекот и доколку постојат во која доза и во комбинација со кои други лекови може да се користи „ивермектин“,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) Снимка на „Јутјуб“: „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 360 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за „бомбата“ со Мицкоски: Објавен е само дел од разговорот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница