еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Маж се удави во Охридското Езеро

Шеесет и шест годишно лице вчера попладне е пронајдено без знаци на живот во водите на Охридското Езеро во близина на автокампот „Ас“ кај Струга.

Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, посочувајќи дека телото било забележано од капачите на плажата.

Според првичните информации на телото на починатиот немало траги на насилство.

Екипа на Струшката брза помош интервенирала на лице место, при што, како што посочија, лицето немало знаци за живот.

Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител и медицинки тим.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скандалозен крај на преговорите: СПЦ ја врати МПЦ-ОА во 1959 година, објави религија.мк

Редакција

Само 1.000 граѓани се пријавиле на сајтот за ревакцинација, кои првата доза ја примиле во други држави

Редакција

„Ако собереме уште две вета ЕУ ќе ни даде ќебе Отекс со доплата од само 299 денари“: Твитер реакции за блокадата од Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница