еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Меѓу преживеаните во несреќата во Бугарија е и српски државјанин, кој повреден помогнал во евакуација на патници

Меѓу седуммината преживени во несреќата во Бугарија е и српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани од Прешево и неговата свршеничка, Медина Љутфи (25) од кумановско Сопот.

Тие моментално се во Клиничката болница во Софија и се во добра состојба.

Сулејмани за ТВ Клан го раскажаа пеколот што го доживеале на автопатот, кога изгоре автобусот на туристичката агенција „Беса транс“, а животот го загубија 45 лица.

„Автобусот во движење удри од десната страна во тротоарот. Тркалата пукнаа и почна да избувнува пожар и имаше многу чад. Потоа автобусот се движеше 20 метри лево. И сам застана.

Луѓето почнаа да повраќаат, да врескаат како во хорор филмови. Успеав да избегам некако. Подоцна го зедов чеканот во автобусот и го скршив стаклото. Ја извадив свршеницата и уште пет лица, изјави Сулејмани.

Вчера Сулејмани во болница го посети српскиот амбасадор во Бугарија, Жељко Јовиќ.

– И покрај повредата, помогна во евакуацијата на патниците! Добро се чувствува, редовно ќе го посетуваме, се наведува во соопштението на Амбасадата, објавено на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Осум се деца: 12 лица од исто семејство загинаа во несреќата во Бугарија

Сите биле во роднинска врска: Пет од загинатите деца во несреќата во Бугарија учеле во училиштето “Исмаил Ќемали”

Меѓу нив и мајка со четири деца: 20 од загинатите во несреќата во Бугарија се од Општина Студеничани

Во несреќата во која македонски автобус изгоре во Бугарија, загинаа 12 деца, меѓу кои и двајца близнаци

Фото: Твитер/Српска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макпетрол нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите

Редакција

Жито лукс со зголемена добивка во третиот квартал

Редакција

Кои се обичаите: Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница