еМагазин
Image default
Локално

Меѓународен бизнис самит во Скопје

На 12-ти септември во хотел Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи меѓународен бизнис самит во организација на CEED Македонија и WorldChicago. Темата на овој бизнис самит е „Водење на бизнис и податоци“.

Овој меѓународен бизнис самит ќе собере претприемачи, претставници на бизнис секторот и експерти од Македонија, САД и други земји на Балканот, кои ќе разговараат за тоа што можат да направат бизнисите за да го подобрат своето работење со правилно и ефикасно користење и управување со податоците кои ги користат тие во своите процеси.

Главната предност на ваквото работење е што податоците во бизнисот  не само што можат да служат за анализа  на она што се случило во минатото, туку тие може и да се искористат за да се предвидат (и кога е можно да се спречат) несакани настани во иднина.

Доколку ви се потребни повеќе информации, посетете ја веб страната www.events-ceedmacedonia.org

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за директорка на Здравствен дом во Битола која вработувала кого сака

Редакција

Малолетник се обидел да силува 27-годишна девојка во струшко

Редакција

Затвореник од Идризово преку телефон измамил седум лица претставувајќи се како директор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница