еМагазин
Image default
Македонија

Мендух Тачи реизбран за претседател на ДПА

Демократската партија на Албанците (ДПА) информираше дека вчера на конгрес на партијата го реизбрала Мендух Тачи за претседател. Осмиот конгрес беше одржан во Тетово.

–Воедно, беше одобрена и резолуцијата преку која и ДПА се обврзува да преземе конкретни активности за тоа да се измени уставниот член во кој е предвидено дека „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните“, да се замени со „албански јазик како службен јазик во РС Македонија, информираа од партијата.

Службата за информирање при ДПА соопшти и дека на конгресот е избран нов состав на Централното собрание.

Фото: Тачи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија има 300 бегалци од Украина, кои поради нерешен статус неможат да работат

Редакција

Заев го осуди нападот врз Бислимоски

Редакција

Србија го укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонски граѓани од 14 јануари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница