еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките

За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар, информираат од таму.

Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ефективни странски пари – евра, да се снабдуваат од банките, преку склучување договор со банката.

„Сепак, да нагласиме и дека според последните расположливи податоци менувачниците располагаат со девизи. Покрај тоа, за да се спречат какви било шпекулации околу девизниот курс, се воспоставува лимит до коj може тој да се движи, водејќи се од курсот по кој менувачниците ги купиле еврата од банките.

Со тоа се обезбедува заштита на граѓаните и во однос на цената по којашто ќе може да купат евра од менувачница, доколку имаат потреба. Сепак, да истакнеме дека со купување евра граѓаните непотребно се изложуваат на трошоци. Курсот на денарот е стабилен и ќе биде стабилен, за што гарантира Народната банка,“ се вели во соопштението на Народна банка.

Девизните резерви се на стабилно и високо ниво од 3,5 милијарди евра. За оние кои сакаат да купат девизи, девизи на пазарот има. Ова е превентивна мерка, којашто се носи со цел да се направи уште еден заштитен слој на менувачкиот пазар, а во контекст на шпекулациите коишто станаа актуелни по почетокот на руско-украинската криза. Таа се презема за да се избегнат фиктивните притисоци на менувачкиот пазар кај овластените менувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави се надоместоците на членовите на Надзорниот одбор на Стопанска банка-Скопје

Редакција

Објавен предлог-законот: Кои работодавачи ќе добијат субвенции за зголемување на платите?

Редакција

МНР за кратенките со кои Македонија се обележува во НАТО: Тенденциозна шпекулација наменета за нарушување на угледот и на земјата и на Алијансата

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница