еМагазин
Бизнис

„Мермерен комбинат“ ќе подели бруто дивиденда од 22,8 милиони евра

Собранието на акционери на „Мермерен комбинат“ АД Прилеп одлучи добивката од 2018 година во износ од 1.403.557.613 денари (22.817.952 евра) да се распредели во бруто дивиденда за обични акции, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Износот на бруто дивиденда за една обична акција изнесува 4,869 евра. Последен ден за тргување со право на дивиденда е 24.04.2019 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 25.04.2019 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 30.04.2019 година. Исплатата на дивидендата ќе започне на 02.05.2019 година и ќе се изврши согласно позитивните законски прописи. Делот од реинвестираната добивка во износ од 253.579.116 денари кој не беше искористен во 2018 година се пренесува во акумулирана добивка“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски Телеком: Досега 13 градови подготвени за 5Г, до крајот на месецов ќе бидат покриени и Струмица и Радовиш

Редакција

Топ пет професии со најголем пораст на просечната плата

Редакција

Народната банка вработува шест лица, плата до 61.445 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница